Како Пендаровски и Ковачевски ќе го одбележат денот за Гоце Делчев?  

Македонија утре ќе оддава должна почит кон Гоце Делчев, еден од најголемите македонски револуционери, по повод годишнина од неговото загинување во 1903 година. Делчев многу ја задолжи Македонија и утре заслужува длабок наклон од сите во државата.

Традиционално, централното чествување ќе се одржи во дворот на црквата „Свети Спас“ каде што се наоѓа мермерен саркофаг во кој се посмртните останки на овој голем борец за правата на македонскиот народ и за национална самобитност и слобода. Кој од државниот врв ќе се поклони пред Гоце Делчев? 

Дали пред мермерниот саркофаг ќе се појават и шефот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. На нивниот официјални интернет-страници се уште нема најави за нивно присуство. На последеното чествување во февруари годинава, кога се прославуваше 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се појави шефот на државата Стево Пендаровски кој положи цвеќе. Македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, пак, не учествуваше во чествувањето поради посета на Брисел, а наместо него се појави првиот вицепремиер Артан Груби. Овој пат ќе биде ли Ковачевски во Македонија?

Инаку, Пендаровски и Ковачевски не учествуваа во подготовката на големиот научен симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ кој денеска ќе биде отворен во Музејот на македонската борба, во организација на Институтот за национална историја – Скопје. Од државните раководители, само претседателот на Собранието Талат Џафери ќе организира прием за учесницит пред свеченото отварање. 

Наспроти ова, бугарскиот претседател Румен Радев ќе биде покровител на Националната конференција „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“  што ќе се одржи на 4 мај во Националната палата на културата во Софија. Трибината организирана од Институтот за историски истражувања при Бугарската академија на науките и Македонскиот научен институт во спомен на Гоце Делчев ќе се одржи на денот од 119-годишнината од смртта на македонскиот револуционерен деец. Во најавата за оваа конференција Радев напиша дека Делчев е „апостол на слободата на македонските Бугари“.

Меѓу поканетите учесници се и поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Поранешните премиери може ќе тргнуваат кон Софија, каде ли ќе биде сегашниот? Македонскиот великан Гоце Делчев бил со многу достоинство и непокор во себе. Какви лидери сега го наследуваат?

Претходна вестУкинати ковид ограничувањата за влез во Хрватска и Србија
Следна вестСе судрија два автобуси во Прилеп, дваесетина патници полесно повредени