Укинати ковид ограничувањата за влез во Хрватска и Србија

Од денеска влезот во Хрватска и во Србија ќе биде со ист режим како пред пандемијата на Ковид – 19 откако во овие земји се укинати ограничувањата поврзани со опасниот вирус.

Надлежните органи во двете земји ги укина сите контролни мерки и ограничувања за влез во земјата, поврзани со коронавирусот, како за странските, така и за домашните граѓани.

-Од полноќ, српските државјани, како и странските државјани, при влез во Србија нема да бидат обврзани да имаат негативен ПЦР тест, брз антигенски тест, доказ за прележано заболување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Република Србија, се наведува во соопштението на српската влада

Одлуката за укинување на мерките е донесена врз основа на моменталната епидемиолошка состојба во земјата и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Каде е Ковачевски да искоментира за столбот на ДУИ во Липково
Следна вестКако Пендаровски и Ковачевски ќе го одбележат денот за Гоце Делчев?