ВМРО-ДПМНЕ: Каде е Ковачевски да искоментира за столбот на ДУИ во Липково

Каде е Ковачевски да искоментира за столбот на ДУИ во Липково, зошто селото нема пат и квалитетна струја, а има столб од 20 метри, праша денеска опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение се поставува и прашање дали Македонија има премиер.

-Во Битола бугарско здружение за ликот на Михајлов, во Липково 20 метарски столб на УЧК. Има ли оваа држава премиер и институции? Дали СДС наместо инвестиции сега поддржува градење столбови и споменици? Дали Ковачевски на ова аплаудира, или негодува?, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ прашува и тоа зошто Липково нема квалитетна патна мрежа, а има столб од бетон висок 20 метри?

-Зошто Липково нема квалитетна струјна мрежа а има споменик, и дали споменикот ќе ги врати иселените од Липково? Ветуваа Европа, а донесоа бетонски столбови. Колку вреќи пари СДСМ и ДУИ ќе украдат во име на столбот во Липково?, потенцираат од оваа партија.

Претходна вестСекој втор казнет возач возел пребрзо
Следна вестУкинати ковид ограничувањата за влез во Хрватска и Србија