Секој втор казнет возач возел пребрзо

На територија на град Скопје изречени се вкупно 96 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните акциски контроли на скопските сообраќајници.

-Изречени се и 20 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите за мотоцикл, три мерки за возење под дејство на алкохол…, соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцираат од полицијата.

Претходна вестНаучен симпозиум 150 години од раѓањето на Гоце Делчев
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Каде е Ковачевски да искоментира за столбот на ДУИ во Липково