Калин Ивановски повторно тренираше со Ѓоковиќ

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски, повторно имаше средба со најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ. Калин моментно се наоѓа во Дубаи, каде се подготвува за натпреварите во 2024 година. Тој на социјалните мрежи се пофали дека тренирал и се дружел со својот идол.

Калин и пред два месеци поточно во откомври во октомври годинава тренираше со Ѓоковиќ. Од неговата тогашна објава на социјалните мрежи може да се види како разменуваат удари.

Времето поминато најдобриот тенисер на сите времиња но и за многумиња најдоброти спортист, можат да му помогнат на Калин за постигнување на поголеми успеси.

Претходна вестАбердин поразен во финалето на Лига купот, Миовски без пехар
Следна вестОтворајте „четири очи“ на улиците: Празници се ближат, пешаци се движат…