Абердин загуби од Ренџерс (0-1) во финалето Лига купот на Шкотска, на стадионот „Хемпден“ во Глазгов пред 49.296 гледачи..
За тимот на Абердин настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој минатата недела паузираше поради повреда. Сепак тој се опорави и се најде во стартната постава на Абердин чии напаѓачи не се покажаа во најдобро издание и не упатија ниту еден директен удар на противничкиот гол!
Последниот трофеј во Лига купот, Абердин го освои пред девет години, во 2014-та. За Ренџерс пак ова е прв ваков трофеј по 12- годишна пауза. Стрелец на победничкиот гол беше капитенот Џемс Таверние во 76 минута.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





