Темен режим Режим на светлина

Елмас ќе игра во осминафиналето на ЛШ

Во Нион, седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА), денеска напладне, беа одредени двојките за осминафиналната нокаут фаза во Лигата на шампионите (ЛШ):

Тимот на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, Наполи, првакот на Италија, за противник ја доби Барселона, шампионот на Шпанија и петкратен првак на Европа.

Актуелениот европски првак, Манчестер сити ќе игра против Копенхаген, а најтрофејниот Реал Мадрид ќе се сретне со Лајпциг.

Двојките се:

Наполи – Барселона
Копенхаген – Манчестер сити
Лајпциг – Реал Мадрид
Порто – Арсенал
ПСЖ – Реал сосиедад
Интер – Атлетико Мадрид
ПСВ- Борусија Дортмунд
Лацио – Баерн Минхен
Првите натпревари ќе се играат на 13/14 и 20/21 февруари, а реваншите се на на 5/6 и на 12/13 март 2024 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бочварски: Ќе биде направен патот Кичево - Охрид, само што кај свлечиштата ќе треба да се репроектира

Следна објава

Во оптек сè уште има 12 милијарди марки