Кандидат на ДУИ за премиер е поранешниот функционер на ПДП – Насер Зибери

ДУИ денеска го претстави својот кандидат за премиер на Македонија. На промотивната конвенција во Преспа, ДУИ ја почна предизборната кампања и го промовира Насер Зибери како нивен кандидат за прв премиер Албанец во Македонија.

-По интензивните консултации со граѓанското општество, со академскиот свет, со стручното и креативно мислење, стигнавме до обединувачко и заслужно име на кандидатот за прв Албанец премиер. Тоа е Насер Зибери, кој ги има сите доблести да ја води извршната власт на земјата кон полна еднаквост, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Инаку, Насер Зибери порано беше висок функционер на ПДП, долго беше пратеник, а краток период и министер за труд и социјална политика во Владата на СДСМ и Бранко Црвенковски.

Претходна вестКонечно: Медицинскиот отпад во „Дрисла“ ќе се гори во нов стерилизатор
Следна вестСо специјален штрафцигер стартувале и украле камион на булевар “Борис Трајковски“