Кавадарци под вода: Невремето поплави дворови, уништи улици

Обилните и непрестајни врнежи изминатото деноноќие, најмногу го погодија Кавадарци. Поплавени се десетина подруми од куќи, а граѓаните цела ноќ се бореле со надојдената вода да не навлезе по собите и да им ги уништи домовите.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, оштетен е средишниот дел од главната улица „7 Септември“ на која се уште се работело, е оштетена. Од таму велат дека биле ангажирани три екипи за да ги пополнат дупките на улицата кои не биле затворени. Во нив имало и едно пропаднато возило кое е извлечено со пајак.

За испумпување на водата од поплавените подруми, на терен биле екипи од Пожарната служба на Кавадарци со две пумпи, како и екипа од „Комуналец“ исто така со две пумпи.

Претходна вестВо „Света петка“ во Велгошти утре се одржува традиционалната „Вечер на Живко Чинго“
Следна вестКаде исчезна забраната за точење алкохол на малолетници?