Казна од 20.000 евра за сопственик на два папагали, бидејќи им ги пресекол крилјата за туристи да се сликаат со нив во Пефкохори

Два папагали од видот Макао со пресечени крилја се наоѓале на плажа во Пефкохори на Халкидики со цел туристи да се фотографираат со нив. По спроведена акција, сопственикот бил казнет со 20.000 евра, а папагалите одземени.

Веста на социјалните мрежи ја објави групата волонтери за спасување и заштита на животни „Animal Rescue and Defence Squad“, пишува „Грик репортер“.

Според организацијата, во акцијата учествувале полициски службеници од одделот на Касандриа, Шумската служба Халкидики и општина Касандра.

-Со беспрекорна соработка на сите нас, по наредба на обвинителот, отстранети се два папагали макао кои се користеа за профит на плажата на Пефкохори. Поднесена е тужба за услови за социјална заштита и пасивно малтретирање и по наредба на обвинителот во Халкидики животните се отстранети и секако се изречени административни казни предвидени во член 14 од 4830/2021 во износ од 20.000 евра, се наведува во соопштението на организацијата за заштита на животни.

Претходна вестТричковски замина од АЕК, но останува на Кипар
Следна вестЗа 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на Економско-социјалниот совет