На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
-Меѓу нив за возење без возачка дозвола имаше седум санкции, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за нерегистрирани возила…, се наведува во информацијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.