Казнети 119 возачи во Скопје, петмина поминале на црвено…

Вкупно 119 мерки се изречени во текот на вчерашниот ден во Скопје во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Седум санкции се за возење без возачка дозвола, пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас,  пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се наведува во информацијата

Засилените акциски контроли продолжуваат и наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Претходна вестOблачно со утринска магла по котлините
Следна вестСветското население надмина осум милијарди луѓе, најголем раст има во Азија