Светското население надмина осум милијарди луѓе, најголем раст има во Азија

Светската популација денеска надмина осум милијарди луѓе, објавија Обединетите нации. Постигнувањето на осум милијарди луѓе е „знак за успех на човештвото, но исто така е голем ризик за нашата иднина“, рече Џон Вилмот, директор на одделот за население на ОН.

Земјите со среден приход, претежно во Азија, имаат најголем дел од тој раст, зголемувајќи го своето население за околу 700 милиони луѓе од 2011 година, пренесе Танјуг.

Претходна вестКазнети 119 возачи во Скопје, петмина поминале на црвено…
Следна вестВладата најави некои решенија, но „Студентски Отпор“ е незадоволен – најавува нови протести