Kазнети 121 возачи во Скопје, 26 возеле над пропишаната брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 6 за возење без возачка дозвола, 5 за управување под дејство на алкохол, пет за користење мобилен телефон, две за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 42 за непрописно паркирање, информира МВР.

Претходна вестВардар и покрај поразот од ППД Загреб ќе игра на Ф4 во Задар
Следна вестМакедонските одбојкари на Европско, Финска прва пречка