Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата

Скопјанец е приведен по инцидентот што се случил вчера во скопската општина Карпош, информира полицијата.

МВР соопшти дека вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје.

-Тој потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се наведува во инфорамцијата.

Претходна вестБешлиовска: Има голем одлив на медицински сестри во странство
Следна вестПисателите во нов обид да изберат раководство, на изборното Собрание ќе може да се гласа само со подмирена членарина