Казнети 138 возачи, 19 биле пијани

На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои и 19 за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 37 санкции, а изречени се и 15 мерки за возење без возачка дозвола.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестПреку ден сончево, во текот на ноќта ќе има локален дожд
Следна вестДрагана Маринковска: Талентите во Македонија се како скриени дијаманти чиј потенцијал често останува неискористен