Казнети 139 возачи за непрописно престигнување, 66 возеле пијани

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување и возење под дејство на алкохол, прекршоци кои се меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици. На територијата на целата држава санкционирани се 139 возачи за непрописно престигнување, а 66 возачи затоа што возеле под дејство на алкохол. Санкционирани се и 418 други прекршоци. Министерството за внатрешни работи сооошти дека продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестМагла на дел од патиштата, можност од одрони
Следна вестМакедонското село на Водно станува Потемкиново село