Македонското село на Водно станува Потемкиново село

Македонското село на Водно нема среќа да заживее. Ја дели субината на многуте села од Источна Македонија. 

Прво, минатата власт го направија да биде туристичка атракција и концесионерот се откажа; оваа власт пак се пофали во септември годинава дека знае како треба и дека ќе прави трансформацијата на Македонско село во старт ап село. Тоа било излезно решение за комплексот за кој веќе не се знаеше што да се прави откако се затвори во 2018 година, а во кој беа вложени државни-народни четири милиони евра. 

Идејата да се пренамени во „старт ап“ село, како што тогаш објави министерот за економија е во тоа на младите од земјава и од странство да отворат компании во објектите од комплексот, да работат и да не плаќаат режиски трошоци за тоа. Секако, добра идеја во споредба со оставањето на комплексот на забот на времето бидејќи е очигледно дека таму нема да се најде нов закупец кој би стопанисувал, а на државата би и плаќал одредена кирија.

Но, по три поминати месеци треба и да се каже што стана со оваа идеја? Дали комплексот почна така да функционира или пак се уште не? Ако и за ова нема заинтересирани млади бизнисмени тогаш треба да се бараат нови решенија. Или решението е да се остави на забот на времето и вистински да заличи на типично македонско село. Или пак ќе стане типично Потемкиново село. 

Може и треба нашето Потемкиново село да го рекламираме низ светот и така ќе ни дојдат многу туристи, пред се од Русија.

За потсетување: Фразата – Потемкиново село е настаната по рускиот кнез Потемкин, кој во јужите делови на Русија во 1787 година наредил да се направат импровизирани села покрај патот по кој ќе помине царицата Катарина II и да види дека во краевите каде тој раководи државата цвета и напредува. Според некои историчари голем дел од таа приказна всушност е само еден мит.

Е, нашето не е мит. Очигледно е дека за македонските кнезови селото на Водно е одлична вежбална и показател дека и Македонија цвета и напредува.

Претходна вестКазнети 139 возачи за непрописно престигнување, 66 возеле пијани
Следна вестНормално ли е: Мене да ми е добро, другото не ме интересира?