Казнети 152 возачи во Скопје, девет возеле без возачка

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, 10 мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Претходна вестПрв концерт на Националниот џез оркестар во салата на НОБ
Следна вестСтратегија „плукни – залепи“: Учебници тешко прават, ама идеи за парцијални реформи секогаш имаат