Казнети 160 возачи, 13 зборувале по мобилен телефон

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои и 13 санкции за користење мобилен телефон, соопшти денеска МВР за контролите во изминатово деноноќие.

-Меѓу казните за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила. Имало и санкции за 11 прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, осум за некористење сигурносен појас, три прекршоци што ги чинат пешаците и 45 санкции за непрописно паркирани возила, се наведува во информацијата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестСкопје го уништија новокомпонирани градежници што градеа „трла“
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Кога можеше да се повтори судењето за Монструм, зошто да не се повтори судењето за 27-ми април?