ВМРО-ДПМНЕ: Кога можеше да се повтори судењето за Монструм, зошто да не се повтори судењето за 27-ми април?

На виделина излегуваат се повеќе докази дека во Македонија се води хајка против неистомислениците на Заев по принципот трас-трас пресуди, во кои власта на Заев те тужи, власта на Заев те суди, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата на најголема опозициска партија доаѓа по синоќешната изјава на претседателот Стево Пендаровски дека осудените за 27 април „не се терористи и дека може да има ново судење ако се појават нови докази“.

-Хистеријата која Заев сака да ја предизвика е поради стравот дека во едно повторено судење за случајот со 27 – ми април може да излезат нови докази кои ќе фрлат нова светлина и нова вистина, а таа нова вистина е дека осудените сигурно не се терористи. Дополнително што за овој случај се појави и аудио материјал кој покажува дека главниот сведок на обвинителството е сериозно компромитиран. На крајот на краиштата кога можеше да се повтори судењето за случајот Монструм во кој свирепо беа убиени 5 лица, зошто да не се повтори и судењето на овој случај, се потенцира во соопштението

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека власта на Заев е длабоко загазена во криминал и е закрилник на криминалот и светски мафијашки босови на кои им давала официјални македонски пасоши со украден идентитет.

-Токму власта на Заев шурува со нарко картели кои добиваат поддршка и помош од високи полициски функционери именувани од оваа власт. Затоа оваа криминогена група предводена од Заев  од петни жили се обидува да ја спречи правдата и мора со нови манипулации да се спаси од одговорност. Но одговорност ќе има и правдата ќе излезе на виделина, се наведува во партискиот став.

Претходна вестКазнети 160 возачи, 13 зборувале по мобилен телефон
Следна вестВасил Стерјовски не успеа да стане пратеник, ќе чека да се ослободи пратеничко место на листата на Социјалистичката партија