Казнети 182 возачи во Скопје, 38 за брзо возење

На територија на град Скопје изречени се вкупно 182 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 13 мерки за користење мобилен телефон при возење, 12 санкции за некористење сигурносен појас… Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал-црвено светло, шест санкции за непрописно престигнување и обиколување, информираат од МВР.

Од МВР апелираат соопштуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестТепачка меѓу двајца мажи во Чаир
Следна вестКонцерт за виолина и пијано на „Охридско лето“ со уметниците Игор Пикајзен и Илинка Манова