Казнети 196 возачи, осуммина зборувале на телефон, шестмина поминале на црвено…

Зборување на мобилен телефон во текот на возењето и натаму е чест сообраќаен прекршок на скопските сообраќајници. Тоа го покажаа и вчерашните полициски контроли. Но, не изостанаа и други прекршоци што ги прават несовесните возачи.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 мерки за непрописно престројување, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажуваат од МВР.

Претходна вестСе санираат последиците од невремето во Гостивар
Следна вестПо кошот, сега оштетен и теренот на игралиштето во ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром