201 возачи се казнети на територијата на Скопје. Од нив 88 возеле пребрзо соопштуваат од СВР Скопје.
– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила…Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, се вели во полицискиот билтен на МВР.
Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.