На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои и 28 санкции за управување под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР за вчерашните полициски контроли на скопските сообраќајници.
За возење повеќе од дозволената брзина изречени се 79 санкции а имало и девет мерки за возење без возачка дозвола и седум санкции за возач почетник.
-Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, 32 санкции што ги чинат возачи на мотоцикли, шест мерки за нерегистрирани возила, се наведува во информацијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.