Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, соопшти денеска МВР.
-Меѓу нив за возење без возачка дозвола изречена е 21 санкција, 16 мерки за нерегистрирани возила, 9 санкции за користење на мобилен телефон, 60 мерки за непрописно паркирани возила, 45 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска, се наведува во соопштението.
За жал ваквите бројки се секојдневни и нема знак дека се намалуваат. Скопјани преку социјалните мрежи апелираат полицијата да биде уште понастолчива во решавање на скопскиот сообраќаен хаос.
Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.