Казнети 30 пијани возачи на територија на СВР Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (28/29 мај) од 23 до 5 часот,на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола за управување на возилата под дејство на алкохол, во која биле откриени и санкционирани вкупно 30 прекршоци (ТЕ-20 и ГВ-10).На возачите-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и веднаш се исклучени од сообраќај.

Покрај ова, санкционирани се и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-4).

СВР Тетово апелира до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, зашто на тој начин ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, а ќе се соочат и со законски предвидените санкции.