Казнети 525 лица, не носеле заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 525 прекршоци, соопшти МВР.

Казната за овој прекршок изнесува 20 евра во денарска противвредност, и граѓанинот доколку во рок од осум дена се одлучи да го плати прекршочниот платен налог, тогаш ја уплаќа половината од казнената сума.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19, се наведува во денешната информација.

Претходна вестАеродром никако да се оддалечи од 100 активно болни од корона вирусот
Следна вестЛажго шета, а густ чад повторно го стави Карпош на мета