Во текот на изминатото деноноќие, односно 5 и 6 октомври, во Македонија се регистрирани 785 прекршоци за неносење заштитни маски, соопшти денеска МВР.
За ваков прекршок граѓаните треба да платат 20 евра во денарска противвредност а доколку казната се плати во рок од осум дена таа изнесува десет евра.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.