Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 218 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции и 21 мерка за користење на мобилен телефон, соопшти денеска МВР
-Освен тоа, седум мерки се изречени за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 12 мерки за некористење сигурносен појас, 15 санкции за непочитување на брзината на движење, седум за минување на затворен сигнал(црвено светло), седум за непрописно престигнување и 79 мерки за непрописно паркирани возила, се наведува во информацијата.
Од МВР уверуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.