Казни за 227 возачи во Скопје, секој четврт моторџија

Моторџиите вчера биле најнедисциплинирана категорија на учесници во сообраќајот. Тоа го покажува денешниот полициски извештај во кој е наведено дека вкупно се казнети 227 лица.

-Меѓи нив имаше и 49 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, а за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, соопштува полицијата.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за нерегистрирани возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР

Претходна вестАгенцијата за управување со одземен имот за пет месеци во државниот буџет префрлила 650.000 евра
Следна вестКучето на Бајден каснало службеници на Тајната служба 10 пати во четири месеци