За неносење на заштитни маски во изминатово деноноќие во Македонија регистрирани се 633 прекршоци, соопшти МВР. За овој вид прекршок граѓаните ќе треба да платат по 20 евра во денарска противвредност.
-На територијата на земјава на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација, се наведува во соопштението.