Казни за 93 возачи, седумина поминале на црвено светло

На територија на град Скопје изречени се вкупно 93 мерки, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина имало 16 санкции и три мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за нерегистрирани возила, се наведува во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од полицијата.

Претходна вестОпасно е иднината да ни стане минато!
Следна вестТреба на Македонија да ѝ даваме и да ја надградуваме, а не да ѝ одземаме