Ќе биде ли денеска Националната платформа за учење на далечина поарна од вчера? Од Министерството велат дека и денеска продолжува процесот на тестирање при што се можни пречки во поврзувањето. Тестирањето ќе се прави и во наредниве денови.
– Само во текот на вчерашниот ден на платформата беа најавени над 88.000 активни корисници. Тие придонесоа за успешно идентификување и дефинирање на предизвиците што произлегуваат од оптоварувањето на платформата во оваа фаза на нејзина имплементација. Резултатите од тестирањето на терен се целосно сондирани и е започната оптимизација на ресурсите во сите три кластери на сервери (серверите за базите со податоци (database servers); серверите за балансирање на оптоварувањето (load balancer) и серверите за опслужување на корисниците (web servers) – информираат од МОН.
Како резултат на денешното тестирање, можно е корисниците на платформата повремено да добиваат порака за грешка при поврзување со базата (еррор датабасе цоннецтион), што е очекувано во предметната фаза на тестирање.
– Овој процес ќе помогне за успешно ставање на платформата во функција и ќе поддржи изградба на интероперабилност помеѓу различните системи во рамките на Министерството за образование и наука, во насока на ефективно следење на секој ученик во текот на целокупниот процес на негово образование. Ве охрабруваме да продолжите со поврзувањето на националната платформа за учење на далечина и во наредните денови и редовно да ги следите новите содржини што ги поставуваме на главната страница (www.schools.mk) – велат од Министерството.