Ќе објаснат ли зошто уште не е функционална Националната платформа за учење на далечина?

Школството во Македонија е во хаос. Пандемијата, но и лошата организација се главните причини. Едноставно, министерството не успеа да организира добар образовен процес во криза.

Ќе објасни ли некој што стана со т.н. Национална платформа за учење на далечина? Зошто учениците година и половина учат преку платформата Мајкрософт тимс и колку тоа ја чини државата? Ако веќе имаме сопствена платформа, зарем за година и половина таа не требаше да се поправи и дотера до степен да може да се користи?…

Сите овие прашања цела една година лебдат, а надлежните во министерството за образование и пред се министерката Царовска не најдоа за потребно на граѓаните да им објаснат што се случува.

За разлика од приоритетната Национална платформа која требаше соодветно да ја замени физичката настава, изгледа поважен беше т.н. нов концепт за образование со кој се укинува историјата како посебен предмет па за него брзо и експедитивно власта „направи пат“.

Инаку, на тема Националната платформа последно зборуваше Здружението Лидери за едукација, активизам и развој, кое спровело истражување во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер во периодот од 25 декември 2020 до 15 јануари 2021 за тоа колку наставниците ја користат. Според резултатите, потврдно се изјасниле, застрашувачки само 9 проценти, додека 67 отсто се рекле дека ја користат Мајкрософт тимс.

И не само тоа, истражувањето детектирало и дека на значитилен број наставници им требаат дигитални обуки, бидејќи не баш добро се снаоѓаат во учењето на далечина.

Се чини во Министерството и во Бирото за развој на образованието треда да се одржуваат часови за исполнителност. Го немаат тоа знаење.

Претходна вестКовид-состојба во 24 часа: 21 починат и 999 нови, Скопје прв на листа
Следна вест„Хомо“ во Кинотека на Македонија вечерва, на 23, 25 и 27 март