Ќе останеме ли во мрак и студ оваа зима?

Постои ли опасност Македонија да нема струја оваа зима, односно да нема како да се згрееме? Откако експертите со месеци наназад предупредуваа гласно, а Владата тврдеше дека никаква опасност нема и дека се е под контрола, вчера пропадна тендерот преку кој државата итно бараше да се купат 900 000 тони јаглен за РЕК Битола. Ќе се распишува нов, а дали ќе успееме да обезбедиме е апсолутно неизвесно.

Tребаше да послушаат кога дававме совети ќе беше поинаку, тврди универзитетскиот професор и експерт за енергетика Константин Димитров.

-Крај, нема веќе, задоцнето е, требаше до сега да мислат на тоа. Види уште една глупост, носат мазут во Битола, а тоа го имаат во Неготино. Не можам да разберам како е можно никој да нема слух за она што со години, па и изминативе месеци го алармираме, едноставно тоа е што е, нагласува Диомитров.

Според него сите студии кои биле направени за во Македонија да се градат хидроцентрали, биле ставени во фиока. Последна во низата бил планот како „ТЕЦ Неготино“ да се стави во функција, но и напорите нешто да се направи пропаднале во вода.

Сега дури и да се обезбеди јаглен цената ќе биде вртоглаво скапа, што ќе се рефлектира на скок на цените за основна живеачка. Некои од европските земји веќе преземаа мерки, на пример Чешка го замрзна плаќањето ДДВ за два месеци. Но македонската Влада смета дека се уште немало потреба од аларм.

Претходна вестНаутро облачно, преку ден сончево
Следна вестПрв концерт на лица со Даунов синдром, вечерва во Центар