Наутро облачно, преку ден сончево

Утре наутро во одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 19 степени.

И в сабота ќе се задржи релативно топло време, во котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Во попладневните часови ќе има повремен дожд, претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и в недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска.

Претходна вест14 починати од кои 11 вчера – има нови 490 заразени или 16 отсто од тестираните
Следна вестЌе останеме ли во мрак и студ оваа зима?