Ќе се видуваат ли скопјани со градоначалниците?

Новите скопски градоначалници излегле на терен. Го покажуваат тоа преку социјалните мрежи. Гледаат што треба да се сработи. Добро. Наскоро ќе видиме дали само гледаат или и ќе работат.

Инаку, проблемите на градот секојдневно ги гледаат скопјани. Тие и најдобро знаат што фали и што е за поправка во реонот каде живеат и работат. Затоа градоначалниците треба почесто да се гледаат и со скопјани.

Еве, градоначалникот на Ѓорче Петров најави дека секој последен четврток во месецот ќе ќе остварува средби со жителите на Општината. Тој веќе и примил десетина граѓани кои по еден месец од неговото доаѓање на функцијата, побарале да се сретнат со него. Убаво. Ова треба да го прават сите останати негови колеги. И да се разбереме, треба да трае четири години, а не четири пати да има средби и потоа – „градоначалникот е оправдано отсутен, спречен е да дојде, пишете му на мејлот“…

И да се доразбереме, а скопјани треба да се настојчиви градоначалниците да работат за доброто на Скопје, а не да ракоплескаат на средбите и потоа онака од нога: „ дај те молам работно место за синот, може ли преку ред да добијам субвенции“…

Претходна вестРодители бараат помош од МАНУ и од партиите заради игнорантскиот однос од Заев и Царовска
Следна вестКонцерт на „Св. Злата Мегленска“ вечерва во МОБ