Темно Режим Светло Режим

Ќерка ја нападнала и тешко ја повредила мајка си

Со тешки телесни повреди се здобила 60-годишна жема која била нападната од нејзината 40-годишна ќерка, соопшти полицијата.

На 08.10.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје, 63-годишна жена од скопско село пријавила дека на 07.10.2020 околу 22.30 часот, по претходна расправија, физички била нападната од нејзината 40-годишна ќерка, наведено е во полицискиот билтен. На пријавителката ѝ била нанесена тешка телесна повреда констатирана во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, се наведува во соопштението.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Починале тројца пациенти, во Скопје 184 новозаразени од вирусот

Следниот Пост

Стана секојдневие: Шест полицајци се нападнати во Скопје, Делчево, Кочани и Македонски Брод