Првиот човек на Кина, претседател Си Џинпинг ќе има ја посети Европа од 5 до 10 мај. Пти тоа тој ќе ги посети Франција, Србија и Унгарија. Ова го потврдија од кинеското Министерство за надворешни работи.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе го угости претседателот на Кина и тоа два дена на 7 и 8 мај, потврди кабинетот на претседателот на Србија.
Претседателот Си ќе разговара со Вучиќ за да разменат мислења за билатералните односи и да разговараат за подобрување на односите меѓу Кина и Србија
Инаку, билатералните односи со Франција одржаа силен импулс на раст, а двете земји имаа стратешка комуникација и практична соработка, рече портпаролот Лин Џијан, говорејќи за посетата на Си на Франција.
-Кина со нетрпение очекува да работи со Франција за дополнително зајакнување на меѓусебната политичка доверба, солидарност и соработка, рече Лин.
Тоа ќе биде прва европска турнеја на кинескиот претседател по пандемијата на Ковид.