Османи: Понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

ДУИ смета дека е понижувачки што партиите договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори. Бујар Османи, во својство на портпарол на ДУИ, го повтори партискиот став дека волјата на народот мора да се почитува.

-Не е чесно пред граѓаните да зборуваме за коалиции без да се слушне нивната волја. Секој кој говори на таа тема, го омаловажува народот кој допрва треба да гласа, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој ја коментираше и недамнешната изјава на Изет Меџити дека македонските партии не сакаат да коалицираат со ДУИ, велејќи дека целта на Интегративците не е да бидат симпатизирани од другите партии.

-Нашата цел не е да не’ симпатизираат. Таа извртена логика дека албанските политички партии треба да се борат за симпатиии кај македонските партии е навредлива. Уште понавредливо е да зборуваме за коалиција на 9 дена пред избори. Фактот дека политичките партии прават калкулации, за мене е потценување на демократијата и достоинството на секој народ, рече Османи.

Дополнително во однос на претседателските избори, Европскиот фронт деновиве ќе одлучи како ќе настапи во вториот круг, односно кого ќе поддржи.

-Јас бев кандидат на Европскиот фронт и заеднички ќе одлучиме деновиве како ќе се поставиме во вториот круг, рече Османи.

 

Претходна вестТешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
Следна вестКинескиот претседател доаѓа во дводневна посета на Србија