Темен режим Режим на светлина

Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка

Сообраќајка со повредени лица на патот Охрид – Ресен. Имено, вчера во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 31-годишниот Ј.К. од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го управувала 45-годишната Н.С. од Ресен, извести СВР Охрид.

-Со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека Н.С.- возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, додаваат од СВР Охрид.

За настанот, известен е јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Еден авион – различни летови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ќе извлечат ли поука Социјалдемократите?

И во Муртино им се намуртија, но тие продолжија со арогантна кампања

Следна објава

Османи: Понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот