Ќе игнорира ли Владата 150 потписи на научници против препораките на историските комисисти?

Незадоволството од дадените препораките истакнати од историчарот Драги Ѓоргиев и останатите македонски членови на историската македонско-бугарска комисија се уште ја бранува јавноста. Многу граѓани реагираат на социјалните мрежи.

-Неприфатливо е луѓе платени со македонски пари да сработуваат против македонството. Владата ова мора да го спречи, а не да го поддржува, е една од многуте реакции.

Дали Владата че го преиспита својот став по ваквите реакции?

Премиерот и министрите не реагираа кога силно одекната Изјавата од над 100 македонски академици, декани и универзитетски професори која беше обзнанета минатата недела. Сите тие научници ги сметаат препораките за ништовни и нерелевантни.

По неколку дена на Изјавата се приклучија преку 45 нови научници кои исто така со индигнација ги одбиваат препораките на комисистите на чело со Ѓоргиев. Меѓу другото забележливо е дека се потпишани голем број на професори, уште еден дописен член на МАНУ, еден академик од Хрватска како и повеќе македонски научници кои работат во странство.

Дали ова е доволно за да се огласи Владата? Дали не е време премиерот и министрите да се сретнат со тие научници и да видат што може да се поправи во работењето на македонскиот дел од Комисијата?

-Во овие „Препораки…“, македонската, јужнословенската, општословенската и балканската историја се толкуваат на бугароцентричен начин, со што отстапуваат од востановените научни сознанија во македонистиката, славистиката и балканистиката. „Препораките…“ го дискриминираат усвоениот и научно заснован наратив за културната, националната и политичката историја на Македонија, застапуван од македонски и други научници со меѓународна репутација, напишаа македонските научници наведувајќи и повеќе други причини поради кои препораките ги сметаат за ништовни и нерелевантни за нивната понатамошна научно истражувачка дејност.

Ова е сериозно укажување од сериозни луѓе. Ќе бидат ли сериозни во Владата? Или и тие како и претседателот Пендаровски сметаат дека „ако некого не му е јасно дека станува збор за препораки, кои со ништо не задираат во македонскиот јазик и идентитет, тогаш за тие луѓе нема спас“?

Сериозноста од Владата е неопходна. А кому му нема спас – ќе одлучуваат граѓаните на Македонија. Големо искуство е натрупано од досегашните функцинерски ветувања, уверувања, гарантирања…

Претходна вестДилема отворена од Ковачевски: Колку делови од други народи ќе се додаваат во македонскиот устав?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Ако Ковачевски уште од мај знаел дека ќе има енергетска криза што правел до сега?