Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Ковачевски уште од мај знаел дека ќе има енергетска криза што правел до сега?

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Македонија со Ковачевски како премиер повторно е оставена на цедило. Јаглен се набавува по скапи цени, а не се знае ниту колку има, мазут нема доволно и ТЕЦ Неготино работи со делумен капацитет, а гасот е скап. Ковачевски имаше цело лето да набави енергенти и не го направи тоа. Само за споредба, земјите од соседството и Европа кои немаат јаглен го набавуваат, складираат гас и склучуваат договори за купување струја по пазарни услови, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Последен пример за договарање за купување струја по поволна производствена цена имаме помеѓу Србија и Азербејџан.

Од партијата додаваат дека додека другите држави договараат евтини цени за купување струја, дуото Ковачевски кај нас најавува дека струјата ќе поскапи. Цела Европа работи за да дојде до поевтина струја или суровина, само Ковачевски цело лето го помина без да ја обезбеди државата за зимата која ни претстои.

Уште по неодговорно е истиот тој Ковачевски да признава дека знаел дека ќе има криза, а воопшто не се потрудил да ја подготви државата.

СДСМ и Ковачевски немаат капацитет да ја водат државата. Со СДСМ само ќе се зголемува бројката од 500.000 наши сограѓани кои живеат со по 150 денари на ден, се вели во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ќе игнорира ли Владата 150 потписи на научници против препораките на историските комисисти?

Следна објава

Украл возило во кое стоеле клучевите, полицијата го фатила