Бектеши конечно призна дека арачиновци не плаќале струја, ќе почнеле од понеделник

Министерот за економија Крешник Бектеши, попладнево, практичо призна дека во Арачиново и уште во неколку други општини не се плаќало струја. Откако закажа прес конференција во 15 часот пред влезот на општина Арачиново, на која доцнеше цел еден и пол час, потоа соопшти дека  „од понеделник екипите на ЕВН Македонија непречено ќе работат на терен во Општина Арачиново и на тој начин ќе почне да се наплаќа струјата, не само таму туку и на другите места каде тоа досега не е извршено“.

Бектеши призна дека има загуби на електрична енергија и во Куманово – 16,2%, Тетово 10,7%, Гостивар – 19,3%, Кичево -12,1%, Скопје – 19,6%. Тој најави дека во сите овие општини ќе се постапувало согласно закон.

– Ги повикувам сите да ги почитуваат законите, одредбите од законите се со цел да не се направи штета во делот на снабдување со електрична енергија, но и во делот на електродистибутивниот систем – рече Бектеши.

Претходна вестЛажела луѓе за купување социјални станови и земала пари од нив, „бизнисот“ и завршил вчера
Следна вестСинодот на Руската православна црква ја призна Македонската православна црква- Охридска Архиепископија