Лажела луѓе за купување социјални станови и земала пари од нив, „бизнисот“ и завршил вчера

Полицијата ја лишила од слобода 39-годишната Б.Д., вчера попладне, како осомничена дека 7 месеци мамела луѓе, земјаќи им пари, лажејќи ги дека ќе им помогне да купат социјални станови. По ова исчезнувала, неколку пати, но „бизнисот“ и завршил вчера кога е приведена.

-На 24.08.2022 во 17.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода Б.Д.(39) од Скопје. Таа се сомничи дека од јануари до август 2022 измамила две лица од Гостивар и едно од кумановско за вкупна сума од 9.700 евра. Според пријавеното, таа им ветила дека за одредена сума може да им помогне да купат државни социјални станови, но откако ги земала парите набргу потоа ја прекинувала комуникацијата со нив, велат од МВР.

Дополнуваат дека  Б.Д. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПочинати двајца, 313 новорегистрирани со ковид 19
Следна вестБектеши конечно призна дека арачиновци не плаќале струја, ќе почнеле од понеделник