Уште еден „лидерски“ медал: Најмногу македонски граѓани депортирала Германија од јануари до јули

Ако порано бевме незабележителна бројка, во првата половина од оваа година, Македонците станаа најбројните принудно вратени лица од Германија. Па така, од вкупно 6200, кои од јануари до јули биле депортирани назад, најмногу, или 450 лица се македонски државјани.

Веднаш по нас, најдепортирани се албанските државјани, односно Германија вратила назад нешто над 400 граѓани. Од регионот, вратени има и во Косово, односно околу 130 лица. Овие бројки ги испровоцира германската опозициска Левица, откако и го постави како пратеничко прашање на владата во Берлин.

Во 2020 најмногу биле депортирани албански државјани.

Претходна вестДенеска облачно со повремени сончеви периоди, а попладне на места пороен дожд
Следна вестГи слушнаа ли Ковачевски и Османи стравувањата и маките на Македонците од Албанија?