Се работи на средување на водоводната мрежа во Горно Лисиче. Имено, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска извршиле увид на работните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улица Ѓорѓи Капчев во Горно Лисиче.
Реализацијата на оваа реконструкција е заедничка инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје и Општина Аеродром. Вкупната инвестицијата за реализацијата на овој проект изнесува 9.208.383,00 денари со ДДВ, а инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, како изведувач на монтажните работи, е во висина од 4.034.632,00 денари со ДДВ.
Добро е да се види дека локалните власти во Скопје делуваат, работат. Добро е што градоначалниците Муцунски и Арсовска се на терен.
А добро ќе беше ако тие двајцата кога веќе шетале по Аеродром да направиле увид и на улицата „Васко Карангелески“ во близина на основното училиште „Љубен Лапе“. Раскопана е со месеци. Има сообраќајните знаци дека се работи на теренот, ама долго, долго работниците ги нема.

Почеток на подготовките за работа почнаа уште во времето на претходниот градоначалник. А новото градско и општинско раководство уште на почетокот на април почна со сечење на дрвја долж улицата, а потоа се раскопа патот со цел да се прошири. Но се остана почнато – недоправено.
За потсетување: Во својот отчет за 100 дена од работата градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски наведе дека „Се пробива улицата „Васко Карангелески кон булеварот „Трета македонска бригада“…




