Ќе се соочиме ли со недостиг на храна, драматичен пад на земјоделското производство

Македонија може да се соочи со голем недостиг на земјоделски производи, односно храна од сопствено производство. На тоа укажува последниот податок за откупот и продажбата на истите.

Па така во првото тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3 136 295 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 35.3 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 58.7 %, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 21.0 %.

Значително намалување е забележано кај полјоделството, рибата и другите производи, а кај останатите производи е забележано зголемување.

Претходна вестСкопјанка физички нападната во нејзиниот стан
Следна вестУчилиштата се празнат: Намален бројот на ученици во основните и средните училишта