Кога не може поинаку: Инвертери и велосипеди за почисто Скопје

Во последните три години, Град Скопје има досега доделено вкупно 7.530 субвенции за инвертери: 1.379 во 2019, 5.002 во 2020, и 1.667 субвенции во 2021 година, информираa од Грaд Скопје.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов истакна дека во следниот мандат ќе се издвојат еден милион евра годишно субвенции за инвертер клима уреди, односно 4 милиони евра за наредните 4 години.

-Одлучни сме да го искорениме загревањето на нееколошки начин во Скопје и уште повеќе да го намалиме загадувањето, вели тој.

Шилегов најавува двојно зголемување и на субвенциите за велосипеди, односно, следните четири години ќе се доделат 30.000 субвенции за велосипеди.

 

Претходна вестДожду те молиме престани – избори се ближат
Следна вестДали по изборите ќе се сетат на запуштениот и недовршен плоштад „Македонија“?